Хари Кејн минатото лето беше купен од страна на Баерн Минхен за сто милиони евра од Тотенхем. Англичанецот со себе го донесе „проклетството“ и баварците по 12 години првпат ќе завршат сезона без ниту еден трофеј.
На темата Хари Кејн зборуваше поранешниот фудбалер на Ливерпул и германската репрезентација, Дитмар Хаман кој смета дека Баерн ќе можеше да одигра добра сезона и без „фрлените“ пари за англискиот напаѓач.
„Дали ќе ни беше полошо ако Матис Тел играше наместо Кејн? Имаше ли смисла воопшто да го купиме? Можеби подобро ќе беше да ни останеа сто милиони евра во банка, а Кејн во Англија? Во Мадрид побара измена бидејќи го болеше грбот по 80 минути. Никогаш не сум видел ѕвезда да го направи тоа. Многу дресови се продадоа на негова сметка, беше ѕвезден трансфер, а трофеи нема. Кога Халанд си замина сите мислеа дека Борусија ќе се сруши, а тие речиси ја освоија Бундеслигата. Потоа замина и Белингем, пак сите мислеа дека се готови, а тие ќе играат финале во ЛШ. Може да се живее и без ѕвезди“, прокоментира Хаман.
Оваа сезона Хари Кејн даде 44 погодоци на 45 натпревари, на кои додаде и 12 асистенции, меѓутоа и тоа не беше доволно за трофеј.