140
Лука Модриќ е познат како релативно смирен фудбалер, па кога тој ќе се налути веројатно има и добра причина за такво нешто.
Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација во поразот од Португалија имаше еден испад. По неколкуте спорни одлуки на турскиот судија Мелер, тој покажа прекршок поради „старт“ на Матановиќ врз Витиња.
Иако немаше контакт, фудбалерот за врска знаеше како да падне и изнуди слободен удар на опасна позиција. Модриќ тоа го разлути, почна да довикува и тргна кон Мелер, а за тоа си доби казна во видот на жолт картон.