381
Лука Модриќ вели дека нема неизвесност, донесена е одлуката за неговата иднина, но не може да ја сподели во моментов, веројатно тоа ќе се случи по финалето од Лигата на шампионите.
Во првиот дел од изјавата Модриќ вели дека не може да каже каква е одлуката за иднината, но од подоцнежниот дел може да се заклучи дека ќе остане во Реал Мадрид.
„Одлуката за мојата иднина е направена, но се уште не можам да ви кажам“, вели Модриќ.
„Отсекогаш велев дека сакам да се пензионирам во Реал Мадрид, тоа е она што навистина го сакам“.
„Тоа би било сон, ова е мојот дом, клубот на мојот живот. Сакам да бидам испратен како Тони Крос“.