Млад фудбалер на Бетис е во кома и се бори за живот по повреда на главата

by 24 фудбал
1 минути читање

Младиот шпански фудбалер Феликс Гарета се наоѓа во индуцирана кома, откако се здоби со тешки повреди на главата.

20-годишникот е член на Бетис, а оваа сезона игра како позајмен во Аморебиета и беше еден од клучните фудбалери на тимот. Сепак, кариерата на овој талентиран фудбалер мора да биде паузирана, бидејќи тој се бори за својот живот.

Според информациите Гарета почувствувал вртоглавица по која паднал и ја удрил главата во својот дом во Барселона. Гарета бил пренесен во болница и бил сместен на интензивна нега, каде што докторите се обидуваат да му ја стабилизираат состојбата, бидејќи претрпел сериозна повреда на главата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани