240
Најмладиот фудбалер во редовите на шпанската репрезентација, Ламин Јамал покрај Европското првенство ова лето ќе има и друга обврска.
Јамал се најде на списокот патници за континенталниот собир, меѓутоа и додека е на турнирот нема да смее да го заборави образованието бидејќи ќе има обврски кон училиштетото.
„Се уште сум четврта година средно и земав домашни задачи со себе. Имам онлајн часови и во овој момент ми оди добро. Сепак, се надевам дека во текот на првенството професерот нема да ме испрашува“, низ шега прокоментира Јамал.
На првенството Шпанија ќе игра во група со Италија, Хрватска и Албанија. Турнирот го стартува на 15. јуни против Хрватите во натпревар во Берлин.