Младата ѕвезда на Бенфика си договори 10 пати поголема плата во ПСЖ

by bojan
1 минути читање
Жоао Невеш

Жоао Невеш е пред трансфер во ПСЖ, фудбалерот од средниот ред си договорил 10 пати поголема плата со „светците“ и сега чека двата клуба да ги финализираат преговорите.

19 годишниот Жоао Невеш важи за еден од најперспективните играчи во својата генерација, и подолго време е на радарот на гигантите ширум Европа.

Се чини дека ПСЖ ќе ја добие битката за неговиот потпис, фудбалерит од средниот ред си договорил 10 пати поголема плата со „светците“.

Во Бенфика, тој заработува околу 500.000 евра по сезона, додека пак со ПСЖ си подал рака за плата од 5 милиони евра по сезона.

Жоао Невеш сега чека двата клуба да ги финализираат преговорите и да се пресели во Париз.

Последниот предлог на ПСЖ е вреден 60 милиони евра, плус додатни 10 милиони евра во бонуси, а Бенфика се обидува да извлече уште некој милион плус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани