„Ми се згади од прославата на Вегхорст, треба да се засрами“ (ВИДЕО)

by riste
2 минути читање

Легендарниот Холанѓанец, Рафаел ван дер Варт ја искритикува прославата на неговиот сонародник, Воут Вегхорст, тој смета дека напаѓачот морал да биде посуптилен по инцидентот што претходеше на унгарската клупа кога колабираше Салај.

Натпреварот меѓу Холандија и Унгарија имаше голем прекин бидејќи долго му се укажуваше помош на Адам Салај кој сега е член на стручниот штаб на Унгарците. Тој беше префрлен во болница, но неговата ситуација беше нејасна.

Брзо откако се расчисти инцидентот судиите почнаа да ја прегледуваат снимката која претходеше и одлучија да досудат пенал за Холандија. Сигурен реализатор беше Вегхорст, по погодокот тој се лизгаше на колена и почна моќно да слави. Но, ваквиот негов потег предизвика големи реакции, не само од навивачите на социјалните мрежи, туку и од поранешни играчи.

Ми се згади од прославата на Вехгорст. Малку суптилно ќе беше поприкладно. Да славиш гол од пенал на таков начин како да си дал гол во финале на СП и тоа неколку минути по тоа што се случи на клупата на Унгарија. Треба да се засрами“, рече Ван дер Варт.

Во меѓувреме Салај преку социјалните мрежи објави дека е во добра состојба.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани