Мијатовиќ се врати во Партизан, но ќе работи од Шпанија

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Партизан е спремна за нов почеток, старото раководство замина, а сега на чело на клубот е Расим Љајиќ кој веќе започна со промените.

Првата и главна промена е доведувањето на добро познатите имиња Предраг Мијатовиќ и Данко Лазовиќ. Секако, поголемо внимание привлекување враќањето на Мијатовиќ кој дел од Партизан беше во играчката кариера.

Мијатовиќ во минатото ја извршуваше функцијата на спортски директор во Реал Мадрид, а сега истата ќе ја работи во српскиот гигант.

Во овој момент Партизан е во резултатска и финансиска криза, а според пишувањето на српските медиуми клубот е во минус од околу 60 милиони евра.

Како што се пренесува Мијатовиќ нема да се врати во Србија и функцијата ќе ја извршува од Шпанија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани