Михајлов: Пелистер статистички е добар, меѓутоа секако дека е ранлив

by 24 фудбал
1 минути читање

Брера Струмица во рамките на осмото коло на ПМФЛ ќе го дочека битолски Пелистер. Пред натпреварот своите очекувања ги сподели тренерот на струмичани, Горазд Михајлов.

Можеби резултатите се задоволителни, но јас не може да бидам задоволен од ангажманот на фудбалерите на последниот натпревар против Тиквеш. Секако дека секој натпревар си има своја тежина. Затоа што било – поминало, и сега сите мисли ни се насочени кон Пелистер.

Пелистер статистички не прима многу голови оваа сезона, но секако дека е ранлив. Ќе треба максимална фокусираност во текот на целиот натпревар, мора да се справиме со нивната брза транзиција од одбрана во напад, и да ги искористиме слабостите во делот во кој мислиме дека противникот ги има“, рече Михајлов.

Од доаѓањето на Михајлов на клупата Брера не знае за пораз. Запиша првенствена победа над Беса (3-2), триумф во Купот против Вардар Неготино (0-4) и две ремија во ПМФЛ со Работнички (1-1) и Тиквеш (0-0).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани