201
Младиот десен бек Михаил Димитриевски кариерата ќе ја продолжи во редовите на Работнички.
22-годишникот кој година и половина беше дел од Брегалница, замина од клубот ова лето откако штипјани не успеаја да се задржат во ПМФЛ. Тоа го користи Работнички и го засилува дефанзивниот дел од тимот со младинскиот репрезентативец на Македонија.
Димитриевски потекнува од школата на Њу Старс, а во 2021 година ја засили Локомотива. Во февруари 2022 година Брегалница ги договори услугите на бекот и тој се пресели во Штип.
Минатата сезона во ПМФЛ, Михаил Димитриевски одигра 27 натпревари, а вкупно за Брегалница има 64 официјални настапи во мак-фудбалот.