Tренерот на Брера Горзад Михаилов го имаше и своето прво излагање како тренер на струмичкиот клуб.
Михаилов денес беше промовиран во Струмица каде што доаѓа на местото на Бојан Круљ кој освои само три бода во првите четири кола.
„Благодарност до најголемата фудбалска легенда Горан Пандев, по неколку дневни преговори се одлучив да прифатам да бидам тренер на Брера. Чест и задоволство ми е за дадената доверба и верувам дека ќе успееме да ја вратиме екипата на посакуваното место каде што сите и очекуваат да бидеме.
Со Вардар Михаилов гостуваше во Струмица во првото коло и црвено-црните во тој натпревар беа поразени со 3:1
Како тренер на Вардар на почетокот на сезоната тука загубивме и можам да кажам дека се работи за една навистина квалитетна екипа од многу квалитетни играчи, спој на играчи и младост, фудбалери кои имаат богато интернационално искуство и сето тоа треба да го синхронизираме и да го ставиме во функција. Ќе дадеме се од себе на секој натпревар за играта на Брера да биде подобра. Познат сум по тоа што сакам да форсирам млади играчи, да играм офанзивен фудбал и така ќе биде и сега со Брера.