Поранешниот босански репрезентативец, Миралем Пјаниќ би можел да направи трансфер каков што не се очекува во овој момент од неговата кариера.
Во овој момент Пјаниќ е без клуб, а во последниот период се поврзуваше со клубови од Саудиска Арабија и шпански Леганес, но до договор не дојде.
Италијанскиот „Калчомеркато“, сега пренесува дека нов клуб на Пјаниќ би можел да биде Милан. Наводно, Милан во потрага по некој кој би можел да ја пополни „дупката“ во средината по повредата на Бенасер како опција го гледа Пјаниќ.
Трансфер периодот е затворен и Милан може да доведе само фудбалер кој е без клуб, а наводно Пјаниќ тука бил прва желба.
Пјаниќ зад себе има искство со играње во Серија А и во минатото во италијанскиот фудбал беше дел од Рома и Јувентус.