Миовски: Останавме трпеливи, шансата дојде и победивме

by riste
1 минути читање

Херојот на Македонија на денешниот натпревар, Бојан Миовски е задоволен од сезоната во Лигата на нации која ја завршивме на првото место.

Македонија со гол на Миовски во второто полувреме дојде до победа над Фарски Острови со која на најдобар начин ја завршивме сезоната во Лигата на нации.

„Ја остваривме целта да завршиме прво место, беше тешко да се пробие одбраната на Фарски Острови кои дојдоа со зголемена самодоверба по победата над Ерменија. Ние останавме трпеливи, добив една шанса, ја искористив и победивме“, вели Миовски.

„Сите сме горди што го носиме националниот дрес, секогаш е чест да се игра за Македонија, сите сме заслужни за тој рекорд од пет победи без примен гол“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани