Македонски репрезентативец во најдобра форма оваа сезона без сомнеж е Бојан Миовски. Штипјанецот во Абердин постигна 22 погодоци, па веројатно ова лето го очекува трансфер во поголем клуб.
Се редат тимовите заинтересирани за Миовски. Минатата зима најзагреан беше шкотскиот првак Селтик, но не дојде до трансфер. Абердин ќе добие милионска сума како обештетување, а во моментов се споменуваат три најзаинтересирани страни.
Со сигурност најинтересна опција за Миовски би била онаа од италијанска Болоња. Овој клуб следната сезона првпат историски ќе игра во Лигата на шампионите и тоа би бил најголем предизвик за Македонецот. Покрај Болоња, за Бојан Миовски пак се интересира Саутемптон, а загреан за неговиот потпис е и холандски Феенорд.