Миовски се враќа во составот на Абердин, трансферот во Серија А е на чекање!

by riste
1 минути читање

Бојан Миовски ќе се врати во составот на Абердин за утрешниот куп меч против Ист Килбрајд, трансферот во италијанската лига не е блиску до реализација.

Тренерот на Абердин, Џими Телин потврди дека Миовски се враќа во стројот. Македонецот не беше дел од мечот против Квин оф Саут бидејќи имаше информации дека Болоња и Џенова се сериозно заинтересирани за неговите услови.

„Имавме добар разговор пред минатиот натпревар, па тој не беше во составот за тој меч. Но, имавме добар тренинг неделава и сега ќе сметаме на него за следниот дуел“, рече тренерот Телин.

„Тој се однесува навистина добро, дава максимум на тренинзите, имам чувство дека е во ред со ситуацијата“.

„Бојан е добро момче. Мислам дека е максимално фокусиран како и сите други. Изгледа свежо“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани