264
Бојан Миовски зад себе има одличен месец во шпанската Ла Лига, а доказ за тоа е местото кое доби помеѓу најдобрите 11.
Штипјанецот заедно со уште тројца свои соиграчи (Хил, Мартинез и Гутиерез) доби место за идеалниот тим во месец ноември.
Миовски во тимот се најде најмногу поради настапот против Еспањол кога во победата од 4:1 постигна два гола и запиша една асистенција.
Во идеалниот тим од редовите на Барселона доаѓаат Рафиња и Олмо, двајца фудбалери има и Осасуна (Будимир и Херера), а по еден Реал Сосиедад (Агуеро), Атлетико Мадрид (Ленгле) и Мајорка (Коста).
🇪🇸 La Liga Team of the Month pic.twitter.com/3ORNfiEQbE
— WhoScored.com (@WhoScored) December 2, 2024