Миовски: Кога беше најпотребно, покажавме менталитет!

by riste
1 минути читање

Бојан Миовски го постигна вториот гол за Македонија на денешниот натпревар против Ерменија и ја завери победата на нашата репрезентација од 2-0.

Миовски по долго време погоди за Македонија, тој е задоволен од победата за која вели дека ќе ни биде поттик за понатаму.

„Ова беше тежок меч, игравме и со фудбалер помалку, а знаеме дека натпреварот дојде по реми против Фарски Острови. Но, кога беше најпотребно ние покажавме менталитет и победивме“, вели Миовски.

„Беше тешко да се пробие Ерменија, но успеавме. Наша цел останува првото место во групата иако лошо почнавме. Оваа победа ќе ни даде дополнителен мотив за понатаму“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани