313
Томас Милер е пример за лојалност, а тоа го потврдуваат и бројките кои ги има легендарниот играч на Баерн Минхен.
Вчерашниот меч против Реал Мадрид за Милер беше 150. во Лигата на шампионите за Баерн Минхен.
Тој е само третиот играч во Лигата на шампионите кој успеал да одигра толку натпревари за само еден клуб.
Другите двајца на кои им успеало тоа се Чави (151 за Барселона) и Касиљас (150 за Реал Мадрид).
Веќе на гостувањето во Мадрид, Милер може да го помине Касиљас и да се изедначи со Чави. А ако Баерн Минхен се пласира во финалето, тој оваа сезона може да стане играчот со најмногу мечеви во ЛШ за еден клуб.