Милевски: Свесни сме за важноста на двата натпревари, секогаш играме на победа

by Стефан
2 минути читање

Македонија овој месец ќе одигра два натпревари кои ќе бидат последни во ова издание од Лигата на Нации и на домашен терен ќе се сретнеме со Летонија и Фарски Острови.

За овој собир Милевски се одлучи да повика двајца дебитанти и за првпат со националниот тим се Бехар Фета и голманот Марко Алчевски на кои Милевски им посака добредојде.

„Сакам да им посакам добредојде на двајцата дебитанти заедно со Стојчевски и Илиевски кој не е со нас и се приклучуваат од последната генерација за У21. Се надевам ќе се наметнат за во иднина“, истакна Милевски.

Ниту овој собир за Македонија не минува без проблеми со повредени фудбалери.

„Повторно имаме проблеми со повреди. Тихо Костадинов не е во можност да помогне, Муслиу и Трапановски се под знак прашалник. Се надевам ќе бидат здрави и ќе можат да помогнат. Свесни сме за важноста на двата натпревари“.

Без разлика на ситуацијата Милевски посочува дека победата е секогаш императив за Македонија.

„Во секое обраќање на напоменувам дека секој бод и гол се важни. Натпреварите ги почнуваме со една цел и тоа триумф, сакаме да ги намалиме грешките кои се неизоставен дел од секој натпревар. Победата е императив. Очекувам потежок натпревар со Летонија од тој во Рига, секогаш мора да го дадете максимумот за позитивен исход“, напомена Милевски.

Натпреварот против Летонија Македонија го игра на 14 ноември, додека дуелот со Фарски Острови е три дена подоцна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани