Милевски: Капа доле за момците!

by Стефан
2 минути читање

Репрезентацијата на Македонија вечерва славеше победа во натпреварот против Ерменија во рамките од второто коло во Лигата на Нации.

За Македонија ова беше прва победа по 11 месеци, а интересно е што тогаш славевме исто така против Ерменија на пријателски натпревар во Струмица.

Селекторот Благоја Милевски беше задоволен од изданието на фудбалерите и на стартот од прес-конференцијата им испрати специјална честитка.

„Им честитам на фудбалерите кои уште еднаш покажаа дека со право се тука, секоја чест за нив и капа доле. Веќе кажав претходно дека овие момци секогаш кога биле под притисок ја исполнувале задачата, па биле и над тоа. Не очекуваат во групата шест натпревари, не значи дека ако не победиме во првиот нема да бидеме први, но исто така оваа победа не ни гарантира дека ќе бидеме на првото место. Премногу е рано да се зборува, пред нас е долг пат кој треба да го поминеме“, изјави Милевски.

Против Фарски Острови, Милевкси смета дека ни недоставуала енергичност и решителност во завршницата.

„Ни недостасуваше енергија, посебно во првото полувреме. По корекциите во вториот дел и во тој натпревар изгледавме подобро, создадовме шанси, но за жал не реализиравме. Денес го имавме тој дел на агресивност и решителност. Жалам што и во првото полувреме не постигнавме и два-три гола бидејќи имавме шанса. Формата во клубовите за мене не е важна, секогаш кога се тука даваат се од себе и се во функција за репрезентација. Верувам дека даваат и повеќе од нивните можности“, истакна селекторот.

Следните предизвици за Македонија во Лигата на Нации се веќе во октомври.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани