382
Репрезентацијата на Македонија се собра во Скопје и ќе го започне краткиот циклус на подготовки за двата јунски теста.
Благоја Милевски ги свика фудбалерите во главниот град каде што ќе започнат тренинзите, а потоа следи преселба на кампот во Хрватска, па во Чешка. За овој собир Милевски нема да може да смета на капитенот Енис Барди кој го повреди рамото на последниот настап за Трабзонспор.
Првиот од двата пријателски меча Македонија го игра во Ријека против Хрватите на трети јуни, додека вториот против Чешка се игра на десетти во Храдец Кралове.