Пауло Фонсека наиде на сериозен проблем во изборот на напаѓачи пред дербито во третото коло на Серија А меѓу Милан и Лацио.
Алваро Мората се повреди уште пред мечот со Парма од втората рунда, а сега проблеми има и Лука Јовиќ. Поради тоа единствена опција за нападот на Фонсека му остана Ноа Окафор кој веројатно ќе биде стартер на „Олимпико“.
Сепак, тренерот на „росонерите“ не сакаше да отпатува за Рим само со еден напаѓач, па одново повик во првиот тим првпат оваа сезона доби Франческо Камарда. Се работи за 16-годишниот талент кој е дел од Милан Футуро и клубот полага огромни надежи во него.
Камарда против Лацио се надева дека третпат во кариерата ќе добие минутажа во првиот тим на Милан.
Инаку, Милан веќе го договори трансферот на Тами Абрахам кој на позајмица доаѓа од Рома, меѓутоа нема да биде дел од тимот за дуелот во Рим.