Милан се договори со Фофана, останува договор со Монако

by 24 фудбал
1 минути читање

Италијанскиот клуб Милан работи на првото летно засилување за следната сезона. Откако „росонерите“ извисија во обидот да го доведат Џошуа Зиркзе, сега се свртеа кон првата мета за средината од теренот.

Се работи за францускиот репрезентативец Јусуф Фофана од Монако. Според повеќето угледни италијански новинари, меѓу кои и Фабрицио Романо, Милан веќе има договор со Фофана за потпис. Се очекува фудбалерот да добие 3,5 милиони евра годишна плата за повеќегодишна соработка.

Сепак, останува Милан да пронајде заеднички јазик со Монако за овој трансфер. Фофана е проценет на 30 милиони евра, а Монако веќе одби таква понуда од Нотингем Форест.

На страната на преговорите за Милан е фактот дека Фофана влегува во последната година од договорот и со понуда од околу 25 милиони евра, плус желбата на играчот би можеле да го убедат Монако.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани