Милан по Мората работи на уште два трансфери

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалскиот клуб Милан во текот на вчерашниот ден го објави потписот со Алваро Мората, кој за 13 милиони евра пристигна од Атлетико Мадрид.

По напаѓачот челниците на клубот работат на уште две мети во моментов. На врвот на листата се Страхиња Павловиќ од Салцбург и Јусеф Фофана. Двајцата фудбалери ги прифатија финансиските понуди од страна на Милан и нивните агенти им ги договорија личните детали. Милан од старт не сакаше да ги преплати фудбалерите, а клубовите полека почнуваат да попуштаат од првичните барања кои во двата случаи беа по 30 милиони евра.

Српскиот стопер сам му стави дознаење на Салцбург дека Милан му е приоритет, па Австријците се подготвени да ги намалат барањата и би прифатиле 20 милиони евра, плус одредени бонуси. Од друга страна, Фофана кој има уште една година од договорот би можел да пристигне за сума меѓу 15 и 18 милиони евра.

Освен овие двајца, Милан до крајот на преодниот рок ќе доведе уште еден напаѓач, а за таа позиција прва мета е Никлас Фулкруг од Дортмунд. Се размислува и за зацврстување на средниот ред, но за тоа да се случи треба прво некој да замине.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани