Милан почна разговори за трансфер на Лазар Самарџиќ!

by riste
1 минути читање

Лазар Самарџиќ ќе има трет обид за трансфер од Удинезе, првите два пропаднаа поради алчноста на неговиот татко кој бараше многу пари од Интер и Наполи.

Лазар Самарџиќ сака трансфер во Милан, а и росонерите би сакале да потпишат со Србинот, првичните разговори се веќе почнати.

Позитивни биле разговорите и со неговиот агент, а во текот на следната недела треба да има преговори и меѓу Милан и Удинезе.

Милан треба да продаде еден од фудбалерите од средниот ред, пред да почне да го процесира евентуалниот трансфер на Самарџиќ.

Да потсетиме, минатото лето Самарџиќ беше пред трансфер во Интер, се беше договорено, беа закажани и медицинските тестови, но одеднаш неговиот татко реши да побара повеќе пари од нероазурите, на што доби негативен одговор и зделката пропадна.

Во јануари Самарџиќ беше пред трансфер во Наполи, но и овојпат преголемите барања го одвратија наполитанскиот клуб да потпише со Србинот.

Можеби Милан ќе биде трета среќа за Самарџиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани