177
Фудбалскиот клуб Милан работи на засилување на ростерот за следната сезона.
Летово „росонерите“ се засилија само со Алваро Мората, а на врвот на листата желби има неколку имиња. Преговори се водат на повеќе страни, а една од тие е во соседството.
Се работи за српскиот фудбалер за врска Лазар Самарџиќ за кој Удинезе бара 25 милиони евра. Милан не сака да ги исполни барањата и преговара за пониска цифра, а денес се појави и нова идеја.
„Росонерите“ се подготвени да понудат десетина милиони евра плус Томасо Побега за услугите на Самарџиќ. Младиот Србин веќе има договор со Милан за трансферот, а останува да се види дали клубовите ќе успеат да пронајдат договор.