Милан го обезбеди потписот на Алваро Мората кој доаѓа од редовите на Атлетико Мадрид. Шпанецот ги мина медицинските тестови и за 13 милиони евра се сели во таборот на „росонерите“.
Сепак, тука Милан нема да запре и ќе продолжи да се засилува. Се споменува дека ќе пристигне уште еден напаѓач, а прв пик е Никлас Фулкруг. Напаѓачот на Борусија Дортмунд не е многу скап, има 31 година и тој претставува идеално решение според челниците на Милан за нивниот напад.
Фулкруг според информациите е отворен за трансфер во Милан, тој наводно е подготвен да ја прифати понудата на италијанскиот тим.
Сега двата тима треба да пронајдат решение за неговиот трансфер. Алтернатива доколку Милан не успее да го ангажира Фулкруг е Тами Абрахам од Рома.