Фудбалерите на Наполи славеа победа во вечерашното дерби против Милан во рамките од 10. коло со резултат 0:2.
Наполи беше подобар противник во текот на комплетните 90 минути, а резултатот беше отворен по само пет минтуи игра. Ромелу Лукаку ја затресе мрежата на асистенција на Ангуиса.
Продолжи Наполи да биде подобар противник и по водството, па така пред крајот на првиот дел Грузиецот, Каварацхелија зголеми и на 0:2. Тој резултат на крајот се покажа и како конечен.
На самиот старт од второто полувреме Милан преку Алваро Мората ја погоди мрежата на Наполи, но тој гол беше поништен по реакција од ВАР собата поради недозволена позиција.
Во продолжение Милан имаше иницијатива, но без некои посериозни прилики, додека Наполи ја чуваше предноста.
Наполи кој е лидер на табелата сега доаѓа до 25 бода пред Интер кој има 18 и Јувентус со 17, но со натпревар повеќе. Милан од друга страна е осми со 14 освоени бодови.
Mилан во следното коло го очекува натпревар против Монца, додека Наполи оди на Аталанта.