171
Милан е сериозно заинтересиран за Тами Абрахам, а фудбалерот преферира трансфер на Сан Сиро, во наредните денови треба да се засилат преговорите со Рома за овој трансфер.
Според Џанлука Ди Марцио, Абрахам не планира да се врати во Премиерлигата, наводно одбил понуди од Вест Хем и Евертон, сака трансфер во Милан.
Росонерите веќе имале првични разговори со Рома, но тие не поминале идеално иако римската волчица сака да го продаде Абрахам.
Последните информации велат дека Милан ќе се врати со нова понуда во која дел од пакетот ќе биде и Лука Јовиќ.