Милан како ретко кога е огромен аутсајдер во пресрет на дербито со лутиот ривал!

by 24 фудбал
1 минути читање

Победите во подготвителниот период дадоа лоша слика за како може да тече сезоната на Милан, бидејќи стартот на официјалните натпревари беше катастрофален.

Во Серија А „росонерите“ имаат по една победа и пораз, како и две ремија, а загубија и во Лигата на шампионите против Ливерпул. Веројатно да бираа, не можеше да се најде полош момент за дерби против лутиот ривал Интер.

Поради лошиот моментум Милан влегува во „Дерби дела Мадонина“ како огромен аутсајдер. Иако и Интер не забележа сјајни резултати и во петте досегашни меча победи двапати против Лече и Аталанта, а трипати играше нерешено, сепак е во подобар моментум.

Според обложувалниците, коефициентот за Интер да победи е ниски 1,67 и дополнително паѓа. Од друга страна, квотата за победа на Милан е 5,00, додека за нерешено е нешто пониски 4,00.

Нема сомнеж, Милан како ретко кога е огромен аутсајдер во пресрет на дербито со лутиот ривал…

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани