Според „Газета дело Спорт“, Милан одлучил да инвестира во купување на напаѓачот на Лајпциг, Бенџамин Шешко кој треба да стане најскапото засилување во историјата на росонерите.
Еден од приоритетите на Милан во летниот преоден рок ќе биде нов напаѓач. Позицијата ќе биде ослабена и со заминувањето на Оливие Жиру кој продолжува во САД.
Милан планира да го одврзе ќесето за да го добие Шешко, но нејасно е дали и тоа ќе биде доволно.
Росонерите планираат да платат над 60 милиони евра за да го добијат напаѓачот.
Според „Скај Спорт“, Шешко има откупна клаузула која се зголемува во зависност од неговите перформанси.
Во моментов таа изнесува 65 милиони евра, а до крајот на сезоната може да отиде и до 75 милиони евра, во зависност од тоа дали ќе даде уште голови.
Словенецот е млад, овој месец полни 21 година и би бил засилување за иднината на Милан кој мора да биде брз ако сака да го ангажира, бидејќи за напаѓачот има интерес и од Арсенал и други големи клубови.