Милан веќе го избрал наследникот на Пиоли

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Милан денеска го официјализираше заминувањето на Стефано Пиоли од клупата, а според последните информации прв фаворит за негов наследник е Пауоло Фонсека.

Пиоли пристигна во Милан во 2019 година и во сезоната 2021/2022 успеа да го освои Скудетото на кое Милан чекаше цели 11 години, но не успеа да ја „преживее“ сезоната без освоен трофеј.

Според последните најави Фонсека е голем фаворит и би било изненадување ако тој не ги преземе „росонерите“. Во Милан биле импресионирани од стилот на игра кој го практикува португалскиот стратег и сметаат дека е вистински човек за иднината.

Во игра за нов тренер на Милан бил и тренерот на Порто Сержо Консесиао, но наводно тој не е веќе во комбинација.

Фонсека има искуство во италијанскиот фудбал каде што од 2019 до 2021 година ја водеше Рома.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани