Лионел Меси беше прашан дали би можел да игра и на следното Светско првенство, кое во 2026 ќе се одигра во САД, Мексико и Канада.
Аргентинската легенда во моментов има 36 години, а за време на турнирот ќе биде на влез во 39. година од животот. Поради фактот дека се пресели во МЛС лигата која не е толку силна, Меси реши да даде своја анализа за ситуацијата.
„Зависи како ќе се чувствувам и во каква физичка состојба ќе бидам. Морам да бидам реален. Уште има доста време… Всушност, тоа е и малку време кое бргу ќе мине, но уште не е време за одлука. Годините можеби се бројка, но тие постојат во реалноста. Натпреварите кои ги играм тука не се во рангот на тие во Европа и Лигата на шампионите. Сè зависи од тоа како ќе се чувствувам и како ќе ми биде со екипата“, изјави Меси.
Во оваа сезона Меси на 12 првенствени натпревари има исто толку голови, како и девет асистенции.