Aргентинскиот стратег Герардо Мартино поднесе оставка од должноста тренер на Интер Мајами, а како објаснување наведе „лични причини“.
Мартино со екипата во која се Лионел Меси, Луис Суарез, Жорди Алба и Серхио Бускетс освои најмногу бодови во лигашкиот дел, но во плеј-офот испадна уште во првото коло.
Сега откако клубот доведе неколку поранешни ѕвезди на Барселона на теренот сака да доведе и уште еден поранешен ас на каталонскиот клуб, меѓутоа на клупата. Во прашање е Чави Ернандез кој со Барселона освои 25 титули, а како тренер тимот го одведе до шампионската титула во сеоната 2022/2023.
Шпанските медиуми сепак не даваат преголеми шанси Чави да биде тренер, посебно затоа што тој го одби Манчестер јунајтед неодамна.