Олимписките игри во Париз почнаа со необичен меч кој предизвика многу реакции, судијата режираше невиден скандал на дуелот меѓу Аргентина и Мароко.
Најпрво беше зачудувачка неговата одлука да го продолжи мечот за цели 15 минути. Аргентина израмни дури во 16. минута од продолжението, по што на теренот влегоа марокански навивачи.
Фудбалерите се повлекоа во соблекувалните и мислеа дека мечот завршил. Но судијата им соопшти дека не е завршена средбата, па по речеиси два часа повторно се појавија на теренот. Голот на Аргентина беше поништен поради офсајд кој беше чист. Се одиграа уште три минути по кои судијата означи крај, конечниот резултат беше победа на Мароко од 2-1.
Меси целата ситуација ја прокоментира со еден збор. Објави стори на инстаграм, со зборот: „Невообичаено“ и зачуден емотикон.