74
Aргентинецот Лионел Меси мораше да ја напушти Барселона поради финансиските проблеми во клубот и си замина по 778 одиграни натпревари во кои постигна 672 гола и запиша 303 асистенции.
Меси откако замина од Барселона играше уште и за ПСЖ пред да потпише за Интер Мајами. Меѓутоа тој се уште добива плата и од Барселона.
Причина за тоа е одложувањето на платите во Барселона поради коронавирусот кога тој беше во клубот. Поради тоа исплаќањето кон Меси Барселона ќе го заврши на крајот на оваа сезона.
Покрај Меси во ваква ситуација се уште Бускетс и Жорди Алба кои сега се соиграчи со Меси во Интер Мајами.