Меси се враќа во Барселона!

by Стефан
1 минути читање

Барселона наредниот викенд ќе обележи 125 години постоење, а специјален гостин на најавената церемонија ќе биде и Лионел Меси.

Аргентнецот го прифатил повикот од клубот да се појави на церемонијата во клубот каде што ги помина најдобрите денови во кариерата.

Меси не си замина на најдобар начин од Барселона и беше приморан тоа да го направи поради финансиската ситуација во кој се најде каталонскиот гигант.

Но, неговата љубов кон клубот е над се, па поради тоа ќе се појави во Барселона. Не е познато дали ќе присуствуван а натпреварот против Лас Палмас кој на програмата е на 30 ноември од 14 часот.

Ќе потсетиме, Меси повеќе нема обврски и натпревари за нтер Мајами откако неговиот клуб беше елиминиран во плеј-офот, а исто така ги заврши и квалификациските натпревари во Јужна Америка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани