Меси се врати со два гола и донесе победа на Интер Мајами! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Лео Меси се врати по паузата поради повреда која траеше од Копа Америка, Аргентинецот даде два гола и имаше асистенција во победата на Интер Мајами над Филаделфија Унион од 3-1.

Мечот почна лошо за Интер Мајами, примија гол уште во втората минута од натпреварот, но потоа на сцена стапи Меси.

Во 26. минута по асистенција од Суарез, Меси погоди за израмнување на 1-1, а само четири минути подоцна аргентинскиот фудбалер реализираше за 2-1 по додавање од Алба.

Конечните 3-1 ги постави Суарез во 98. минута, овојпат Меси беше во улога на асистент.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани