Интер Мајами изминатата вечер славеше победа против Монтреал со резултат 3:2 по голем пресврт, а во центарот на вниманието бше Лионел Меси, иако ниту постигна гол, ниту забележа асистенција.
Имено, Меси се повреди во 43. минута и мораше привремено да го напушти теренот, а кога се обиде да се врати на теренот десетина секунди по напуштањето на теренот судијата не му дозволи.
Во МЛС лигата од оваа сезона важи правило кое не пости никаде на друго место во светот – секој фудбалер кој ќе го напушти теренот да му се укаже лекарска помош мора да биде надвор од теренот најмалку две минути.
Меси така мораше да чека 45 минути за да се врати на теренот ,а во 44. минута камерата го сними како со неверување го коментира ваквото правило.
„Ова правило…ова е лошо“, искоментира Меси одмавнувајќи со главата.