Мексико подобар од Јамајка, Венецуела го изненади Еквадор (ВИДЕО)

by riste
2 минути читање

Синоќа се одиграа два натпревари од Копа Америка, Мексико со 1-0 ја совлада Јамајка, Венецуела со 2-1 славеше над Еквадор.

На мексиканците им беше доволен еден гол за да ги освојат трите бода во дуелот против Јамајка.

Клучниот момент се случи во 69. минута кога Артеага погоди за водство на Мексико од 1-0 кое значеше и победа.

Поефикасно беше на дуелот меѓу Еквадор и Венецуела. Најважен за резултатот на овој меч беше црвениот картон на Валенсија во 22. минута.

По тој момент Венецуела беше со фудбалер повеќе и ја искористи таквата предност иако Еквадор поведе со гол на Сармиенто во 40. минута.

Во 64. минута Кадиз изедначи на 1-1, а десет минути подоцна Бељо погоди за комплетен пресврт и триумф на Венецуела од 2-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани