250
Барселона тргна со ризичен пристап на мечот против Реал Мадрид во Ла Лига. Тренерот Ханси Флик се реши одбраната да застане високо и брзите крила да ги чека со офсајд стапици.
Тоа е навистина ризична определба, меѓутоа во првиот дел многу исплатлива и добра за каталонскиот тим.
Дури шест пати Килиан Мбапе беше уловен во офсајд за половина час игра. Најисплатлив беше последниот, бидејќи тогаш Мбапе ја затресе мрежата на Пења, меѓутоа голот го поништи ВАР собата.