397
Килијан Мбапе повторно имаше лош ден, промаши пенал, а Реал Мадрид загуби на гостувањето кај Атлетик Билбао со 2-1.
Во првото полувреме Мбапе и даде гол, но му беше поништен поради офсајд, во второто полувреме шутираше пенал, но му одбрани голманот.
По крајот на мечот, Мбапе на својот инстаграм профил излезе со порака со која се бодри да ја промени ситуацијата.
„Лош резултат. Голема грешка во меч каде секој детал се брои. Преземам целосна одговорност за тоа. Тежок момент но и најдобро време да се промени оваа ситуација и да покажам КОЈ СУМ!“, напиша Мбапе.