„Мбапе се уништува во Мадрид, излегува и пие многу алкохол“

by Стефан
1 минути читање

Често пати се случува големите фудбалски ѕвезди да имаат проблеми на терените поради забавите и алкохолот, а познатиот новинар Ромаин Молин тврди дека со таква ситуација се соочил Килијан Мбапе.

Наводно, големата ѕвезда на „кралевите“ не остана имун на бурниот ноќен живот во Мадрид и тоа не му дозволува да се прикаже во најдобро светло на теренот.

Молина пренесува дека Мбапе често излегувал да се забавува, но и конзумирал премногу алкохол.

„Килијан Мбапе не е најдобро психички. Често излегува и конзумира големи колични алкохол“, вели Молина.

Информациите на Молина доаѓаат по скандалот кој го објавија шведските медиуми за наводно силување во кој бил вмешан фудбалерот. Таквите информации Мбапе брзо ги демантираше преку социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани