„Мбапе се труди и навистина сака да игра против Полска“

by 24 фудбал
1 минути читање

Француската фудбалска репрезентација го одигра вториот натпревар на Европското првенство и ремизира со Холандија (0-0), а на него не можеше да смета на Килиан Мбапе.

Првата ѕвезда на „триколорите“ доби скршеница на носот на дуелот со Австрија, а оттогаш се обидува да се врати во вистински ритам. За ситуацијата на Мбапе зборуваше и неговиот иден клупски соиграч, Орелиен Чуамени.

„Сите знаат дека Мбапе навистина сака да игра против Полска. Мислам дека почнува да се навикнува на заштитната маска. Секако, повеќе би сакал да игра без неа, ама нема избор. Нема да смени ништо. Знаеме дека ќе биде подготвен во моментот кога ќе истрча на теренот. Главната цел е да се навикне на новата реалност. Сите го познаваме Мбапе, тој кога ќе биде на терен ќе даде 100%“, изјави Чуамени.

Натпреварот меѓу Франција и Полска се игра во вторник во терминот од 18:00.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани