Фудбалерите на Франција на рутина ја совладаа селекцијата на Луксембург со 3-0 (1-0), во рамките на пријателски натпревар во јунскиот циклус пред Европското првенство. „Триколорите“ на стадионот „Сент Симфориен“ без потешкотии се справија со аутсајдерот, а дури и не беа ефикасни како што се очекуваше од нив. Прво име во победата на Французите беше Килиан Мбапе кој први ги асистира двата гола на Коло Муани во 43. минута и потоа за Клаус во 70. На крајот новата ѕвезда на Реал стави точка на победата со погодокот во 85. минута за конечните 3-0.
Најубедлива вечерва беше Шпанија која ја декласира Андора со 5-0 (1-0). Навивачите во Бадахоз не можеа да уживаат премногу во првиот дел, меѓутоа затоа видоа гол-шоу во продолжението. Резултатот го отвори Ајозе Перез во 24. минута со единствениот гол во првото полувреме. На втор се чекаше дури до вториот дел, кога на сцена стапи Микел Ојарзабал. Фудбалерот на Сосиедад со хет-трик ја наполни мрежата на аутсајдерот, а последниот гол беше дело на Феран Торес.
Со мала мака до победа дојде Белгија против Црна Гора (2-0). „Ѓаволите“ на Тедеско долго време не успеваа да го скршат отпорот на гостите во Брисел. За гол се чекаше до 44. минута кога по многуте шанси погоди Кевин Де Брујне. Долго време на семафорот стоеше истиот резултат, а во судиското надополнување Леандро Тросар од пенал ја удвои позитивата.