168
Килиан Мбапе неодамна стана мнозински сопственик на акциите во францускиот клуб Каен.
Иако е среде играчка кариера и има 25 години, тој преку својата компанија е присутен и во бизнис светот. Со купувањето на Каен за 20 милиони евра тој доби 80% од акциите, а веќе има високи амбиции за својот клуб.
Во моментов Каен игра во Лига 2 и се наоѓа на 13. позиција на табелата. Сепак, Мбапе сака со силен преоден рок да изгради темели и веќе следната сезона клубот да се бори за излез во елитата.
Француската јавност веќе споменува интересни имиња за зимскиот трансфер период, меѓутоа јасно е дека Каен го очекува и бурно лето. Мбапе е подготвен да вложи доста пари за транфери и засилување на ростерот.