Килијан Мбапе не е со репрезентацијата на Франција за време на репрезентативната пауза и дел од тоа време користи за опуштање со неговиот добар пријател и поранешен соиграч од Пари Сен Жермен, Ашраф Хакими.
На социјалните мрежи напаѓачот на Реал Мадрид објави неколку фотографии на кои може да се види како во опуштено издание игра ФИФА заедно со Мароканецот.
Но, еден детал на една од фотографиите го привлече вниманието на фановите на „кралевите“. Имено, на една фотографија во позадина се гледа справа за наргиле и тоа отвори расправа за неговата професионалност.
Навивачите на Реал Мадрид се незадоволни од тоа што Мбапе веројатно користи наргили, иако се работи за тренд прилично застапен кај помладите се верува дека може да штети и на здравјето.
Дел од фановите бараат реакција и на клубот со одредена казна и забрана за користење на работи кои можат да бидат штетни и да влијаат на неговото издание на теренот.