112
Неуспешно заврши состанокот меѓу Килијан Мбапе и претставниците на ПСЖ за долгот од 55 милиони евра.
Мбапе тврди дека ПСЖ му должи 55 милиони евра, а францускиот клуб не мисли дека тоа е таа. Од таму тврдат дека фудбалерот се откажал од тој бонус при продолжување на соработката во 2023 година.
Претставниците на ПСЖ се надеваа дека ќе наидат на разбирање на состанокот со Мбапе и ќе биде постигнато некое компромисно решение.
Но, Мбапе е убеден дека е во право, не сака да попушти и парите ќе ги бара на суд.