Мбапе не е најплатен во Ла Лига, двајца фудбалери добиваат поголема плата

by Стефан
1 минути читање

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе на почетокот на неделата беше претставен во Реал Мадрид каде што пристигна како слободен играч, а францускиот голгетер се согласи на многу пониска плата од онаа што ја заработуваше во Париз.

Годишната плата на Мбапе во Мадрид изнесува 31.2 милиони евра и со овие примања Мбапе не е најплатен во Ла Лига.

Двајца фудбалери имаат повисоки плати. Станува збор за Френки Де Јонг и Роберт Левандовски од Барселона. Фудбалерот за врска е на плата од 37.5 милиони евра, додека полскиот напаѓач има 33.5 милиони евра.

НАЈПЛАТЕНИ ИГРАЧИ ВО ЛА ЛИГА

Френки де Јонг (Барселона) – 37,5 милиони евра

Роберт Левандовски (Барселона) – 33,5 милиони евра

Килијан Мбапе (Реал Мадрид) – 31,2 милиони евра

Винисиус Јуниор (Реал Мадрид) – 28,8 милиони евра

Јан Облак (Атлетико Мадрид) – 28,8 милиони евра

Давид Алаба (Реал Мадрид) – 22,5 милиони евра

Џуд Белингем (Реал Мадрид) – 18,7 милиони евра

Илкај Гундоган (Барселона) – 16,6 милиони евра

Федерико Валверде (Реал Мадрид) – 15 милиони евра

Тибо Куртоа (Реал Мадрид) – 14,5 милиони евра

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани