Мбапе: Нема да има друг Кристијано Роналдо, тој инспирираше цела генерација!

by riste
1 минути читање

Утре Килијан Мбапе ќе има дуел против неговиот идол, Кристијано Роналдо кога на теренот ќе се појавата репрезентациите на Франција и Португалија во битка за влез во полуфиналето на Европското првенство.

Мбапе никогаш не криел дека Роналдо е неговиот идол. Како мал имал постери од Португалецот на ѕидот, а и како дете се сликал со него.

Утре двајцата ќе играат еден против друг, а Мбапе е полн со убави зборови за Роналдо пред нивниот дуел.

„Тој еден и единствен. Нема да има друг Кристијано Роналдо. Тој инспирираше цела генерација. Има голови, трофеи… неговата биографија говори гласно. Но се надевам дека утре ќе биде разочаран“, вели Мбапе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани